За проектот и за партнерите

Платформата НАШ ГРАД, НАША СЦЕНА е дел од истоимениот регионален проект којшто го спроведуваат здруженија на граѓани од четири градови од Балканскиот регион – Белгардкиот фестивал на цвеќето од Белград, Центарот за животна средина од Бања Лука, Арх комуна од Подгорица и Коалицијата за одржлив развој од Скопје

Целта на проектот е да го истражи, примени и промовира партиципативното планирање на урбаниот простор со локалните заедници, да воспостави мрежа за споделување на најдобри практики во регионот и создавање предуслови за општествено ангажирани креативни интервенции како одржливи решенија за управување со јавните простори.

Ги повикуваме на соработка сите здруженија, неформални групи, поединци, институции и деловни субјекти коишто имаат или поддржуваат слични цели.

За информации за вклучување контактирајте го локалниот координатор.

Проектот е поддржан од страна на Балканската фондација за уметност и култура, преку Швајцарската агенција за развој и соработка и Европската културна фондација