За граѓанското учество

Јавните и заедничките простори во нашите градови често не го добиваат должното внимание за да може да се развијат во пријатни места за средби, одмор, забава, култура и игра. Причината за ова некогаш се недоволната или несоодветна грижа на градските власти, а некогаш и негрижата на граѓаните или непропорционалното влијание на приватните и финансиските интереси над јавниот интерес во креирање на нашите градови.

Затоа, да не го заборавиме нашето право, но и обврска, да ги кажеме нашите видувања како сакаме нашите градови да бидат уредени и да покажеме како нашите јавни и заеднички простори можат да се користат.

Платформата Наш град, Наша сцена е осмислена да го стимулира и промовира проактивниот став на граѓаните, бидејќи учеството на граѓаните во креирање на јавниот простор подразбира и размислување за просторот, укажување на проблемите, предлагање решенија и учество во постигнување на посакуваната иднина и промени.

Дополнителна литература

1. Практики за уредување на градот: Инклузивни простори за социјализација и рекреација на отворено - Истражување

2. Практики за уредување на градот: Улогата на локалните мрежи на само-организирани граѓани во Скопје - Истражување

3. City-making practices: The role of local self-organised citizens’ networks in Skopje - Research

4. Оживување на градските плоштади и јавните простори – Водич

5. Revival of city squares in the Balkan cities: Contribution to cultural and participative policies for livable city squares and public spaces

6. The Initiator, the Artist, his Advocate and the Urbanist (IAAU): A platform for culture and city-making